Американско-австралискиот актер, режисер, продуцент и некогаш најпривлечен маж на планетата, Мел Гибсон, се врати во улогата на Mad Max. Овој пат - во живо на ТВ.

Одговарајќи на прашањето дали мисли дека публиката му простила за неговите испади во минатото и проблемите со алкохолот, Мел не успеа да се исконтролира и го нарече водителот "гомнар".
Ние сметаме дека Гибсон има право да биде лут. Сепак, проблемите од минатото треба да останат во минатото. А и начинот на кој го кажува финалното "asshole" е некако од душа. Бидете трпеливи и чекајте до крајот...
М.Л. | Кајгана