» поопширно

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

Обложување, 21. век

Четврток, 28.01.2010 |

Откако таблоидите пред неколку дена ја објавија шокантната вест која го потресе целиот познат и непознат универзум дека Бред Пит и Анџелина Џоли повеќе не вежбаат гимнастика во кревет, обложувалниците се фрлија на работа.


Фото: blog.taragana.com

Само што ни пресушија солзите од шокантната вест (шмрц...), британската обложувалница „Педи Пауер“ сосема регуларно си објави квоти за обложување за тоа која ќе биде наредната девојка на Бред Пит. Најголем фаворит е, нормално (според некој експерт де :) ), Џенифер Анистон со коефициент 1.5, втора е Меган Фокс, додека на третото место се наоѓа Адријана Лима.

Меѓу првите пет на листата се наоѓаат Ријана и Скарлет Јохансон.

Не успеавме да дознаеме дали на пример ако се обложите дека Пит ќе се спари со Адријана Лима, тоа може да го искомбинирате со фикс „кец“ на вечерашното „Дерби на Италија“ од купот на чизмата меѓу Интер и Јувентус или со некој хокеј натпревар од втората чешка лига, меѓутоа можете да се обидете.

Во секој случај, иако не е пракса кај нас, сопствениците на обложувалници може да размислат сериозно за воведување на вакви бизарни „шоубиз“ воајерски облози, бидејќи очигледно, патот на парите оди најдиректно преку центрите на мозокот кои ви сугерираат дека е покул да се откажете од вашиот живот и да живеете нечив туѓ, како на пример, тој на Бред Пит.

Ние на пример се обложивме дека Бред Пит ќе се откаже од глума и жени и ќе стане архиѓакон во некој будистички храм во Ласа на Тибет. И дека Пандев вечер ќе му закачи уште неколку парчиња на неговите редовни пациенти Јувентус. Со парите од добивката ќе си ја купиме Анџелина Џоли :)  

Б.И. | Кајгана

Македонија
13.03.2010 | 13:33
Денеска се очекува целосно да се расчисти одронот и патот Струмица – Берово да оспособен засообраќајпо дветеколовозниленти, соопшти Министерството за транспорт и врски. На патниот правец Радо...
Сите денешни вести

Kajgana.com
12.03.2010 | 14:49

Џенсон Батон и Михаел Шумахер во одвоени интервјуа спореа за тоа дали за шампионската титула во Формула 1 побитен е стартот или финишот на сезоната...

Backstage

Kajgana.com | http://kajgana.com

Стјуардесите на Ryanair

Ryanair е ирска авио-компанија која одлучи да им го оствари сонот на сите свои патници од машката популација, кои до сега сигурно често фантазирале за оваа глетка. Одличен маркетинг. Да посакаш да...

Kajgana.com | http://kajgana.com

Сцени од Кенија

Кенија е една од најразвиените и најубавите африкански земји, но во последните неколку години е изложена на серија негативни фактори кои константно ја уназадуваат земјата. Политички и племенски конфликти, нестабилни соседи (Сомалија, Судан, Етиопија...

Kajgana.com

Скејтери во развој

Секој обид за нов трик на тркалца или друга нестабилна површина, претставува потенцијален зародиш на нов интернет хит и отворена врата за стекнување слава од светски размери. Кога ќе размислиме подобро, некогаш е всушност...

Kajgana.com

Кога возењето на едно тркало и одењето по јаже не се доволни...

Од сите можни трикови на јаже на кои сме налетале на интернет, овој е убедливо најлудиот и најопасниот. Зошто? Затоа што вклучува мотор, еден екстра човек и перфектен баланс. Погледнете го Јохан Трабер, најпознатиот германски...

Kajgana.com

Хистерично женско стампедо

Однапред се извинуваме ако некој се најде навреден од насловот, но навистина не знаеме како поинаку да го наречеме лудилото кое се случи за време на отворањето на првата H&M продавница во Тулуз, Франција...

Kajgana.com

Самоодбрана: како да ви го скршат носот

Tеоријата си е теорија, мора да се знае. Исто како што вреди да се спомене дека има бројни докази дека таа во пракса не функционира секогаш како што треба. Еве една мала лекција на оваа тема... 

Kajgana.com

Дувна ветре развигорче

Силен ветер и фудбал - најинтересната глетка која може да се забележи на спортските терени. По ненадејниот напад на рекламните банери, пристигнува ова видео, каде ветрот го претвори овој слободен удар во најневеројатниот...

Kajgana.com

Воздушен егзибиционизам

Храброст ли е, лудост или само глупавост она што го прави Дин Потер, ние нема да коментираме. Тоа вие одлучете откако ќе го погледнете егзибиционизмот кој се случува на 2.500 метри во воздухот во (или над) Патагонија...

Kajgana.com

Си играш, а демек работиш

Работите во канцеларија, а сте забушантски настроени? Сега може да тепате време на работа без некој да ве забележи. Еве една колекција на флеш игрици кои изгледаат како канцелариски софтвер...

Kajgana.com

Raze

Интересна акциона игра со многу пукање, која сигурно ќе пополни добар дел од вашето слободно време. Исто како и кај останатите DeathMatch игри ваша задача е да останете живи, а останатите не.

Kajgana.com

Holmenkollen Ski Jump

Нашиот личен рекорд е 127 метри. Мислите дека можете да скокнете повеќе? Притиснете SPACE за да почнете, уште еднаш SPACE за да скокнете, контролирајте го летот со стрелките (лево-десно) и...

Kajgana.com

Home Sheep Home

Релаксирачка игра која сигурно ќе ви го задржи вниманието. Контролирате 3 овчички со различни атрибути, а пред вас се поставени разни препреки кои ќе ви го отежнат движењето. Ваша задача е да...

Kajgana.com

Robot run

Избегнувате пречки, убиствена плазма и остри сечила, прескокнувате експлозивни боци и собирате ѕвездички за повеќе поени. Колку долго ќе издржите?

Kajgana.com

Primary

Интересна флеш авантура која мора да ја испробате. Вие го контролирате Рој, мало човече, кое е способно да ја менува бојата и своите способности, за да навлезе во различни делови од кулата полна со непредвидливи...

© 2005-2010 Kajgana Media