Четвртото продолжение на серијалот "Пиратите од Кариби" ќе се снима на Хаваи, објави Hollywood Reporter.

Во улогата на капетанот Џек Спароу повторно ќе се најде Џони Деп , а новото продолжение ќе биде под наслов "Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides".
Снимањето треба да започне летово на островите Оаху и Кауаи, а филмот би требало да пристигне во кината во 2011 година.
Продуцент на филмот е Џери Брукхајмер, а режијата е на Роб Маршал ("Чикаго", "Мемоарите на една гејша"). Претходните три серијали ги режираше Гор Вербински.