И вие сте дел од плеадата фанови кои се бунат за изоставените секс-сцени од „Avatar“? Без гајле, имаме алтернатива :) Трендот на секс-пародии од долината на порното продолжува со ХХХ верзијата на најновиот филм на Џејмс Камерон.

Речиси и да не постои блокбастер кој не ја доживеал својата порно верзија, па сосема очекувано својата хардкор екранизација ќе ја доживее и еден од најгледаните филмови на сите времиња „Avatar“ и тоа во продукција на Хастлер кој во последно време речиси и се специјализираше за порно верзиите на се што доаѓа од Холивуд, од кината до телевизијата.
Не е познато дали и порно-аватарите ќе бидат снимени во 3Д техника, но и да се случи не би било чудно бидејќи има веќе неколку „филмови за возрасни“ снимени во оваа техника - иако додуша во застарена техничка верзија од која (оние што ги гледале викаат дека) често боли глава.
Хастлер досега има исфрлено неколку секс пародии меѓу кои се и „This Ain't Curb Your Enthusiasm XXX“, „This Ain't CSI XXX: Chatsworth“, „This Ain't Star Trek ХХХ“...