Играта која важи за една од најпопуларните и најзаразните на сите времиња ќе добие и свое телевизиско издание - ТВ канал на кој гледачите ќе можат да играат тетрис користејќи го далечинскиот управувач.
Компанијата Dish Network која е провајдер на сателитска телевизија заедно со компаниите Oberon Media и Tetris Company го претставија новиот канал наречен Tetris TV.
Што ново ќе им понуди овој ТВ канал на своите гледачи? По цена на претплата од 2,99 долари месечно, гледачите ќе можат да играат тетрис преку својот далечински управувач, а во иднина се планираат турнири и рангирања на најдобрите играчи.
Нас тв/гејмерскава услуга не ни изгледа многу логична, но претпоставуваме дека на светот постојат многу тетрис манијаци кои не се оддвојуваат од телевизорот и за кои ќе биде вистински погодок.
Д.Л. | Кајгана