Американскиот филмски режисер Тим Бартон ќе биде претседател на жирито на овогодинешниот филмски фестивал во Кан.

Тим Бартон, кој досега се прослави со одлични готски филмски фантазии, е режисерот на „Edward Scissorhands“, „Sleepy Hollow“, „Batman“ и „Batman Returns“, „Ed Wood“, а е добитник на Златниот Глобус за „Sweeney Todd“.
Одличниот и секогаш оригинален Бартон изјави дека се радува затоа што ја добил привилегијата да е претседател на жири комисијата, додавајќи дека едвај го чека двонеделниот филмски маратон кој со оваа улога која ја доби „ќе му претставува исполнување на сонот“.
Режисерот моментално се подготвува за премиерата (5. март) на последниот филм на кој работеше, „Alice in Wonderland“ во кој се појавуваат Џони Деп, Хелена Бонам Картер и Ен Хетавеј.
Филмскиот фестивал во Кан трае од 12. до 23. мај.