Некои научно-фантастични филмови имаат комични промашувања во своите предвидувања за иднината, но други се докажуваат како неверојатни визионери и технолошки “музи“. Ви пренесуваме 5 филмови чија технологија ја измени нашата реалност.

Total Recall
Овој филм со легендарниот Шварци во главна улога, не' запозна со скенери преку кои може да се види скелетот на патниците како и содржината на нивните куфери.
Иако дејствието на филмот е сместено во 2084. година, веќе во 2007. оваа технологија стана реалност. Скенерите на нашето време комбинираат X зраци и електромагнетски бранови. Разликата е во тоа што овие скенери не ги прикажуваат костурите на патниците, туку нивните голи тела (што е, барем според нас, уште подобра варијанта :) )
Minority Report
За овој филм Спилберг ангажираше група интелектуалци да “мозгаат“ како би изгледал животот во 2054. година и да создадат негова реалистична верзија. Така, еден член од тимот смисли комјутер со голем екран кој може да се управува преку движење на рацете. Делува познато?
Веројатно затоа што денес преку мултитач технологијата сме во можност да управуваме со податоци на сличен начин. Иако Surface од Микрософт е сеуште редок, iPhone ја направи мултитач технологијата достапна за широките маси.
Star Trek
Освен за фетиши кај бубалици и фрикови, оваа култна серија е и инспирација за многу креации во современата технологија кои е невомозможно да се набројат на едно место.
Дизајнот на телефоните на преклоп е инспириран од комуникаторите на Ѕвездената флота, а научниците моментално работат на англиско-арапски преведувач кој функционира слично како и универзалниот преведувач во серијата. НАСА пак осмисли додаток за iPhone кој детектира присуство на отровни гасови во околината што недвосмислено потесетува на трикордерите.
Terminator
Во првиот дел од филмот накратко видовме роботи-летала кои пукаат по цивили. Денес такво нешто често гледаат луѓето во Афганистан и Ирак. Имено, американската војска користи беспилотни летала за напад.
2001: A Space Odyssey
Ок, сега сме 2010. и вселенските летови сеуште не се рутинско возење, но компаниите како Virgin galactiс нудат патувања во орбитата за обичните граѓани.
Овој феноменален филм кој е снимен во 1968. е “визионер“ и на бројни технологии кои неодамна се појавија како, на пример, видео повиците, тенките екрани и идентификувањето со глас.