Не само дека наводно спие со Анџелина Џоли, туку и умира на секои неколку години. Американскиот актер и добитник на Златен глобус Џон Кристофер Деп се врати од мртвите - повторно.
Минатата сабота по интернетов започна да кружи една непроверена вест - Џони Деп загинал во автомобилска несреќа во Франција. Океј, знаеме дека знаете дека не е мртов туку дека беше во Србија со Емир „шабан“ Кустурица каде си бркаа своја работа - ама има по светов луѓе кои читаат единствено наслов и евентуално два реда текст под насловот - и потоа креваат паника :)
Веста се појави на лажна СиЕнЕн страница хостирана на Angelfire.com, а не се знае кој е авторот на зафрканцијата. Уште почудно е што датумот на смртта е 25. март 2004.
Со оглед на тоа дека ја превзеде титулата за најсексапилен маж од Хју Џекмен и секој филм му е хит, не е чудно што некој се нафатил да лансира вакви лажни вести за него кои ќе се припојават од некаде на Твитер и ќе започне цикрузот.
Конечно, ако навистина спие со Анџелина Џоли, можеби познатиот „релевантен“ извор на (фејк) вести „медиа фечер“ одлучил да го почести со судбината која ја снајде токму кутрата Анџелинка во Македонија минатото лето :)