» поопширно

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

Златен Глобус, 2010

15.01.2010 | Филм и ТВ

Овогодишното доделување на Златните глобуси ќе покаже дали „Avatar“ е само финансиско чудо во филмската индустрија или е способен да освојува и престижни награди. Освојувањето на Златниот глобус не е најпрестижната награда, но на сите им е добро познато дека е најпрецизниот индикатор за тоа како ќе поминат наградите над сите награди - Оскарите.



Најотворена сезона досега

Филмот кој со секој поминат ден е се поблиску до „Titanic“ на листата на заработувачка, е главниот фаворит во очи на 67. свеченост на доделувањето на Златните глобуси. Номиниран е во четири категории, вклучувајќи ја и онаа за најдобар филм. „Жирито на Глобусите се состои од странски новинари кои мислат дека нивната работа е да најдат нешто интересно, ново. Моментално, нема ништо поинтересно од последниот филм на Џејмс Камерон“, смета Том О'Нил од ЛА Тајмс. Саша Стоун кој го води блогот посветен на наградите „Awards Daily“, смета дека оваа сезона е „најотворена досега“.

Организацијата на странски новинари во Холивуд, тврди тој, најчесто преферира интимни драми, а не научнофантастични спектакли. „Но „Avatar“ е толку емотивен што би можел и да им се допадне“, изјави Стоун.

Мерил Стрип оди по седмиот Глобус?

Во категоријата за најдобра актерка интересен ќе биде дуелот меѓу Мерил Стрип и Сандра Булок - и двете имаат по две номинации. Булок е номинирана за најдобра актерка во категориите драма и комедија, додека Мерил има шанси да го освои својот седми Златен глобус со две номинации во категоријата комедии за филмовите „Julie & Julia“ и „It's Complicated“.

Џорџ Клуни е еден од фаворитите за најдобра драмска машка улога во филмот „Up In The Air“, но некои критичари сметаат дека Џеф Бриџис во филмот „Crazy Heart“ ја остварил изведбата на неговата кариера па се очекува дека жирито најмногу ќе се двоуми меѓу овие актери.

Maлтретирањето е во мода

Во категоријата за најдобра споредна актерка фаворит е познатата комичарка Mo'Nique која ја воодушеви филмската критика со бравурозната изведба во филмот „Precious“ каде глуми мајка која ја злоставува својата ќерка тинејџерка. Сепак, нејзината победа не е сигурна, бидејќи покрај неа номинирани се и одличните Пенелопе Круз, Џулијан Мур, Ана Кендрик и Вера Фармига.

Најдобриот спореден актер е исто така категоријата во која не се очекуваат големи изненадувања. Се смета дека Кристоф Волц во улогата на садистичкиот, манипулативен и лукав СС-овец во „Inglorious Basterds“ реализираше една од најдобрите споредни улоги во историјата на филмот. Покрај него номинирани се и Мет Дејмон, Вуди Харелсон, Кристофер Пламер и Стенли Тучи.

Доделувањето на статуетките е во понеделник во 02:00.

Kajgana.com
Црна хроника
03.09.2010 | 16:12

Затвореникот Стојче Младенов (55) од село Крупиште, општина Карбинци, кој бил осуден за полов напад врз малолетник и за прикажување на порнографски материјал на малолетник, синоќа после полноќ се самоубил, така што со...

Kajgana.com
03.09.2010 | 14:23

Спортските федерации во кајак на диви води, борење и триатлон, следниот викенд со свои преставници ќе учествуваат на светските првенства. Спортистите кои...

Backstage

Kajgana.com | http://kajgana.com

Peugeot 3008 Hybrid4

Peugeot го претстави првото дизел хибридно возило, 3008 Hybrid4. Возилото ќе ја доживее официјалната премиера на авто салонот во Париз кој ќе се биде отворен на 30-ти септември, а почетокот на продажбата е најавен за наредната година.

Kajgana.com | http://kajgana.com

Новиот Mercedes-Benz CLS

Откако минатата недела протече брошурата за втората генерација на Mercedes-Benz CLS, на германскиот производител на автомобили не му преостана друг избор, па ги објави и официјалните фотографии од возилото.

Kajgana.com

Параплегија, шмараплегија...

Арон Фотерингам е 18-годишно момче кое е одамна познато по своите акробации кои ги изведува со својата инвалидска количка. Овој љубител на екстремните спортови не дозволи инвалидитетот да го спречи да го прави она што го сака...

Kajgana.com

Еве зошто кинеските производи се ефтини

Финалната цена на еден производ во голема мера зависи од факторите кои влијаат кон производството на истиот. Во случајов, човечкиот фактор е и тоа како значаен. И немојте да мислите дека ги пакуваат без врска „како ќе им се фати“ :)

Kajgana.com

3-минутен оргазам, by Јоко Оно

Предупредување: забрането за лица помлади од 18 поради опасност од развивање на асексуалност. Не ни е јасно дали Џон Ленон бил толку стимулативен, дали модерната уметност до толку заминала во неповрат или...

Kajgana.com

Само еден е татко!

Таткото на ова мало девојче очигледно немаше друг избор освен да влезе во креветчето, за да ја смири да не плаче и да ја успие. Сигурен потег. Воедно, и почеток на проблемите :) Од-лич-но!

Kajgana.com

Кога фудбалер ќе се изгневи...

Неодамна, во грчкиот Карпатос се одржа фудбалски турнир. На натпреварот помеѓу локалните Отос и Апера, во 56-та минута, еден од фудбалерите доби втор жолт картон кој носи исклучување, па реши да...

Kajgana.com

Не расудувајте пребрзо

„Работите не се секогаш такви како што изгледаат“ - сте го чуле ова мал милион пати, нели? Ако се' уште сте на мнение дека ова е флоскула, а не жива вистина, еве ги нашите пет денари во обид за ваше разубедување :)

Kajgana.com

Mario Bounce

Вака некако изгледа Супер Марио кога ќе изеде премногу "волшебни печурки". Иако значително модифицирана, гејм плејот на оваа игра е ист како и на оригиналната - јадете печурки и бегате од лошите.

Kajgana.com

Eenie Balance

Лесна, летна игрица, која ќе ви помогне да ги пребродите периодите на досада на работното место. Целта е да го балансирате црвениот шестоаголник на лостот. И токму кога ќе помислите дека би можеле така и цел ден...

Kajgana.com

Puzzles of Gemland

Одамна не сме играле некоја загадочна игра, па време е малку да го ставиме мозокот во функција. Секое ниво има посебна задача, следете ги инструкциите пред почетокот.

Kajgana.com

Bike Mania Arena

За разлика од претходните верзии, за да ги совладате патеките на оваа игра ќе треба да вложите малку повеќе труд и трпение. Досадно на работа? Сакате да се испробате?

Kajgana.com

Болва

Игрица од типот на Супер Марио, во која главна цел е да ги соберете паричките и да стигнете до крајот на нивото. Команди: Користете ги стрелките за движење, SPACE за скок.

Kajgana.com

Beach Skill Soccer

Добра игрица која со задоволство може да ја "плескате" додека чекате да почне следниот натпревар од Светското првенство. Жонглирајте и држете го фудбалот во воздух. Команди: Користете ги стрелките на тастатурата.

© 2005-2010 Kajgana Media