Култура

Филмот „Медена ноќ“ е македонскиот кандидат за Оскар

14. септември 2015 - 11:56 | И.М.

Политичкиот трилер „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков е избран за македонски кандидат на 88-то издание за наградата Оскар, на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука за филмови од неанглиско говорно подрачје.

Филмот бил единствен пријавен и бил избран едногласно, се вели во соопштението на Дрштвото на филмски работници:

„Ова е филм којшто ги задоволува естетско продукциските стандарди и вредности, кој во еден познат филмски израз следни две наративни линии од живото на главниот лик, едната од приватниот, а другата во професионалниот живот, карактеристични за општествените збиднувања и политичките скандали како реалност во која живееме во изминативе години од нашето осамостојување“.

Членови на комисијата се Бранко Петровски, Дарија Пејовски, Емил Рубен, Владимир Самоиловски, Антонио Митриќески, Емилија Ивановска Атанасовска и Ѓорѓи Клинчаров.

Во „Медена ноќ“ Никола Ристановски глуми функционер кој дознава дека луѓето околу него биле уапсени, а приказната се преплетува меѓу политичката тензија и личните брачни проблеми со неговата сопруга (Верица Недеска). 

Loading the player...

 

Коментирај