Филм & ТВ

Филмови кои во последните 25 години имаат заработено повеќе од милијарда долари

11. јануари 2017 - 20:24 | Б.С.Б.

Филмот „Rogue One“ соборува рекорди во кино салите, што значи дека „Star Wars“ филмовите заработуваат повеќе од милијарда долари. Засега само на 27 филмови во последните 25 години им успеало тоа.

Business Insider направи листа на филмови со најголема заработка на бокс-офисот, според податоци преземени од Box Office Mojo.

На 27 место е The Dark Knight (2008), со заработка од 1,004,600,000 долари. Потоа следува The Hobbit: An Unexpected Journey (2012) со цифра од 1,021,100,000 долари.

На 25 место е анимираниот Zootopia (2016) со 1,023,800,000 долари, а зад него се: Alice In Wonderland (2010) со 1,025,500,000 долари, Star Wars: Episode 1 — The Phantom Menace (1999) со 1,027,000,000 долари.

Finding Dory" (2016) е на 22 место со 1,027,900,000 долари. По него следуваат Jurassic Park" (1993) со заработка од 1,029,200,000 долари, па Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides" (2011), Pirates of the Caribbean: Dead Man's Chest" (2006) и Toy Story 3" (2010) со 1,067,000,000 долари.

Потоа следуваат The Dark Knight Rises со 1,084,900,000 долари, Transformers: Age of Extinction со 1,104,000,000 долари, Skyfall со 1,108,600,000 долари, Lord of the Rings: The Return of the King со 1,119,900,000 долари, Transformers: Dark Side of the Moon со 1,123,800,000 долари, Captain America: Civil War со 1,153,300,000 долари и Minions со 1,159,400,000 долари.

Меѓу првите десет се Iron Man 3 со 1,214,800,000 долари, Frozen со 1,276,500,000 долари, Harry Potter and the Deathly Hallows: Part Two" со 1,341,500,000 долари, Avengers: Age of Ultron со 1,405,400,000 долари и Furious 7 со 1,516,000,000 долари.

На петтото место е The Avengers со заработка од 1,518,800,000 долари, а по него следуваат Jurassic World со 1,670,400,000 долари, на трето место е Star Wars: The Force Awakens со 2,068,200,000 долари, на второто место со заработка од  2,186,800,000 долари е Titanic.

Филм со најголем успех и најголема заработка на бокс-офисот досега е Avatar (2009 година) со заработка од 2,788,000,000 долари

Коментирај