Филмски парови меѓу кои немало апсолутно никаква хемија

Без разлика дали две ѕвезди глумат љубовници, долгогодишни пријатели, па дури и членови на семејството, хемијата меѓу нив е клучен елемент кога станува збор за снимање филм, па затоа тестовите по хемија – кои обично спојуваат различни комбинации на актери за да се види кои од нив споделуваат најинтригантна и најверојатна динамика – се одлучувачки и клучен аспект во претпродукцијата на проектот.

Со текот на времето, филмската индустрија спои најневеројатни двојки на филмското платно кои глумеа еден спроти друг неколку пати, и станаа едни од најнезаборавните парови во кинематографијата.

Сепак, во филмовите се случувало главните ѕвезди да не се навидум компатибилни и, како резултат на тоа, прикажаниот меѓусебен однос не бил толку убедлив. Од „Ghosted“ до „Harry Potter“, социјалната мрежа Reddit сподели ставови на своите корисници за тоа кои филмски парови се со мала или апсолутно никаква хемија.

Ликовите Сејди и Кол во „Ghosted“ (2023)

Не е прв пат Крис Еванс и Ана де Армас да ги обединат силите. Интересно е тоа што кога излезе крими-драмата „Knives Out“, гледачите беа желни да видат како овие две ѕвезди ќе се однесуваат еден кон друг, но се разочараа. Во „Ghosted“ – акција авантура комедија – ликот Кол паѓа на шармот на Сејди пред да сфати дека таа е всушност таен агент.

Ликовите Пола и Трип во „Failure to Launch“ (2006)

Иако одличната хемија е од суштинско значење во сите филмски жанрови, во љубовните филмови (кои се фокусираат на врската помеѓу два лика), таа секако станува уште побитна. Сепак, корисниците на Reddit тврдат дека никаде ја нема во „Failure to Launch“. Филмот следи еден млад човек (Метју Меконахи) кој сè уште живее со своите родители. Конечно, неговите родители ангажираат убава жена (Сара Џесика Паркер) да го убеди да најде свој стан.

„Откако го гледав тој филм, веднаш го пуштив „How To Lose A Guy in 10 Days“ за да се потсетам како изгледа кога Метју има вистинска хемија со некого на екранот“, напишаа корисници на Reddit. „Беше вистинско задоволство да го гледате него и Кејт Хадсон во тој филм“, додаваат од таму.

Чарлс и Кери во „Four Weddings and a Funeral“ (1994)

„Четири свадби и погреб“ го следи закоравениот ерген Чарлс (Хју Грант) кој сфаќа дека можеби ја пронашол љубовта во текот на пет различни настани – е една од најпопуларните романтични комедии од 90-тите. Сепак, хемијата помеѓу Грант и Енди МекДауел ја нема.

Џејн и Тор во филскиот универзум на Marvel

Како што се чини, еден од најголемите филмови на Marvel е меѓу најразочарувачките. Џејн (Натали Портман) и Тор (Крис Хемсворт) првпат се сретнаа во првиот соло филм за моќниот Бог на громот. Иако двајцата развија комплицирана романса во која се среќават науката и магијата, некои гледачи не беа импресионирани благодарение на недостатокот на хемија помеѓу двата главни лика.

Бонд и Медлин во серијалот за Џејмс Бонд

Бонд девојката Медлин (Леа Сејду) е една од многуте жени кои го привлекоа вниманието на култниот таен агент 007 (Даниел Крег). Иако двајцата споделуваат интригантна динамика, многумина сметаат дека тоа не било толку убедливо како, на пример, врската на Бонд со Веспер (Ева Грин).

„Не барајте подалеку од Даниел Крег и Ева Грин во 'Casino Royale'. Некои од најдобрите филмски хемии досега“, напиша корисник на платформата.

Некои корисници на Reddit неодамна прашаа „Кој славен актер никогаш нема хемија со своите колеги?“, а луѓето наведоа низа парови од филмското платно каде едниот или двајцата актери немаат апсолутно никаква хемија со другиот.

Двејн Џонсон и Емили Блант во „Jungle Cruise“

Марк Руфало и Скарлет Јохансон во „Avengers: Age of Ultron“

Кијану Ривс и Кери-Ен Мос во „The Matrix“

Џенифер Лопез и Овен Вилсон во „Marry Me“

Даниел Редклиф и Бони Рајт во „Harry Potter“

Кејт Бланшет и Бред Пит во „The Curious Case of Benjamin Button“

Ен Хатавеј и Кристијан Бејл во „The Dark Knight“

Том Круз и Деми Мур во „Неколку добри луѓе“

Голем број корисници на Reddit сметаат дека Хоакин Феникс покажува лоша хемија буквално со сите актерки.

Хемијата се случува во моментите помеѓу зборовите. Таа лежи во неискажаното, во разменетите погледи меѓу две личности. Затоа, тешко е да се опише, едноставно мора да се види на екранот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе