Претпоследниот месец од годинава носи интересни нови филмски наслови, и тоа за секого по нешто: комедии, трилери, драми, фантазии, суперхеројски и анимирани филмови. Подолу проследнете ја нашата предлог листа на филмски премиери што треба да ги погледнете овој месец, придружена со трејлер, краток опис и датум на македонска премиера за истиот.
Doctor Strange (3 ноември)
Бенедикт Камбербаџ станува дел од филмскиот универзум на Marvel, со улогата на Доктор Стрјнџ во истоимениот филм. Филмот ја раскажува приказната за Стивен Стрејнџ, неврохирург кој го открива скриениот свет на магијата и алтернативните димензии откако ќе преживее страшна сообраќајка. Неговиот живот целосно ќе се смени кога волшебник ќе го земе под закрила и ќе му го претстави мистериозниот свет на магијата - со цел да го одбрани светот од зло. Во филмот режиран од Скот Дериксон (Sinister, The Exorcism of Emily Rose) глумат и Рејчел Мекадамс, Тилда Свинтон, Медс Микелсен и други.
Trolls (3 ноември)
Инспирирана од добропознатите шарени кукли наречени тролови, ни доаѓа нова анимиација креирана од екипата зад „Shrek“. Филмот ќе нè запознае со оптимистичните тролови, нивната комичност и распејаност. Во анимираниот филм гласовите ги позајмуваат Ана Кендрик, Расел Бренд, Џастин Тимберлејк, Зои Дешанел, Џејмс Корден, Гвен Стефани и други.
Fantastic Beasts and Where to Find Them (17 ноември)
Спинофот на „Harry Potter“ филмовите, напишан исто така од Џ.К. Роулинг, го следи волшебникот Њут Скамандер (Еди Редмејн), кој допатува во Њујорк во 20-тите со куфер полн магија и опасни суштества, за конгресот на магија во САД. Кога случајно суштествата ќе избегаат и ќе го опседнат градот, Њут со помош на двајца волшебници и еден номаџ (термин од авторката, за луѓе без моќи) ќе треба да ги пронајде и да ја спречи потенцијалната катастрофа.
Nocturnal Animals (18 ноември*)
„Nocturnal Animals“ ќе ја раскаже приказната за жена прогонувана од ликовите од новелата на нејзиниот поранешен сопруг. Во улогите во психолошкиот драма-трилер ќе ги видиме Ејми Адамс, Џејк Џиленхол, Исла Фишер, Арон Тејлор Џонсон, Мајкл Шенон, Арми Хамер, Мајкл Шин и други. Режијата е на модниот дизајнер Том Форд, а филмот беше еден од најпопуларните наовогодинешниот филмски фестивал во Торонто.
The Edge of Seventeen (18 ноември*)
Надин е 17-годишна девојка која поминува низ една од најтешките фази во животот - тинејџерството. Животот на страна од кул и успешните деца во училиштето станува уште потежок кога нејзината најдобра другарка ќе почне врска со братот на Надин. Во драма-комедијата ќе ги видиме Хајли Стенфелд, Вуди Харелсон и Кура Седвик, меѓу другите.
Arrival (24 ноември)
Кога мистериозно вселенско летало ќе слета на Земјата тим експерти добива задача да го оствари првиот контат со вонземјаните. Филмот е адаптација на научно-фантастичната приказна „Story of Your Life“ од Тед Чианг. Ејми Адамс е лингвист кој се обидува да комуницира со нив и да дознае што сакаат на Земјата. Главните улоги ги толкуваат Ејми Адамс, Џереми Ренер, Форест Витакер и други.
Allied (25 ноември*)
Котилард и Пит се агенти за разузнавање кои се запознаваат и заљубуваат, но нивната среќа се разнишува кога почнува Втората светска војна во Лондон. Режијата на акционата романса-драма е на Роберт Земекис, човекот зад Back to the Future, Cast Away, Contact, Forrest Gump и други.
Moana (24 ноември)
Двејн Џонсон е полубогот Мауи во анимираниот „Moana“, режиран од Рон Клеменс и Џон Мускер (The Little Mermaid, Aladdin, The Princess & the Frog). Следејќи легенда, младата Моана ќе тргне во потрага по полубогот Мауи, заштитник на полинезиските народи - откако мрачни сили и деструкција ќе се заканат на нејзиниот народ. Таа ќе треба да го убеди да и помогне и да тргнат заедно на епска авантура.
Bad Santa 2 (25 ноември*)
Били Боб Торнтон се враќа како лошиот Дедо Мраз, во продолжението на популарната комедија од 2003-та година. Во останатите улоги се појавуваат Кети Бејтс, Тони Кокс, Кристина Хендрикс, Рајан Хенсен, Брет Кели и други.
*Датумот на македонската премиера сè уште не е познат, наведен е оној на американската.