Трејлери и датуми

Филмски премиери закажани за во септември

Заврши сезоната на летни блокбастери, исполнета со комедии и акциони филмови, а септември ни носи трилери, драми и биографски филмови кои не смеете да ги пропуштите. Во продолжение погледнете ја нашата листа на филмови што ни доаѓаат во септември, придружена од краток опис, трејлер и датум на македонска премиера на филмот. (Клик на насловот за детали околу филмот).

1. „Sully” (8 септември)

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=mjKEXxO2KNE]

Том хенкс го глуми пилотот Челси Сулинберг кој го изведе неверојатното слетување на патнички авион на реката Хадсон, откако птица предизвика проблем со моторите на авионот. Филмот базиран на вистински настани го режира Клинт Иствуд, а во него ќе ги видиме и Лора Линеј, Ана Ган и Арон Екхарт.

2. „Mechanic: Resurrection (8 септември)

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=QF903RaKLvs]

Артур Бишоп ќе мисли дека го оставил своето смртоносно минато зад себе, но нештата ќе се сменат кога неговиот најопасен непријател ќе ја киднапира љубовта на неговиот живот. Џејсон Статам, Џесика Алба и Томи Ли Џонс ги толкуваат главните улоги. 

3. „Sausage Party (8 септември)

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=9VoNgLnjzVg]

Анимираниот филм за возрасни ќе ја раскаже смешната приказна за еден колбас кој ќе ја открие вистината за своето постоење и она на другите намирници. Гласовите во филмот ги позајмуваат Сет Роген, Кристен Виг, Џона Хил,  Мајкл Сера, Селма Хјек и други.

4. „Blood Father (15 септември)

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=eGvTRG-iud8]

Дејството на филмот го следи поранешниот осуденик Џон Линк, чија 16-годишна ќерка западнала во проблеми со насилните дилери на дрога, од кој ќе треба да ја заштити. Во филмот ќе ги видиме Мел Гибсон, Вилијам Х. Мејси и други.

5. „Bridget Jones’s Baby” (15 септември)

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=mJsvmscPY9w]

Приказната во третиот филм од оваа франшиза ќе се фокусира на Бриџет во 40-тите години од нејзиниот живот и предизвиците со кои што ќе се соочи, како и прашањето за потомство. Бриџет веќе не е во брак со Марк Дарси (Колин Фирт), а најзиниот нов љубовен интерес е ликот глумен од Патрик Демпси (Grey's Anatomy). Таа ќе остане трудна, но еднo прашање ќе ја мачи: Кој е таткото на бебето?

6. „Blair Witch”/ „Тhe Woods“ (16 септември)*

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=girSv9UH_V8]

17 години по првиот филм што ги преплаши гледачите и воведе револуција во хорор жанрот, се враќа со директно продолжение. Приказната го следи братот на еден од оригиналните ликови од првиот филм, кој ќе сака да ја разреши мистеријата за својата изгубена сестра.

7. „The Magnificent Seven” (22 септември)

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=q-RBA0xoaWU]

Бандата одметници, што ќе се соединат да спасат од терот едно мексиканско село е сочинета од познати актери, кои ветуваат добра вестерн акција. Во улогите ќе ги видиме Дензел Вашингтон, Крис Прет, Винсент Донофрио, Итан Хок, Мет Бумер, Мартин Сенсмејер, Мануел Гарсија Рафло, Бјунг-хун и други. 

8. „Miss Peregrine’s Home For Peculiar Children” (29 септември)

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=mAdpJw-MM-M]

Во центарот на приказната на овој филм режиран од Тим Бартон е момчето Џејкоб, кој го открива овој дом за исклучителни деца, воден од директорката г-ѓа Перегрин. Секое од децата има свој талент, моќ или само е различно од она што би се нарекло нормално дете. Како што почнува да се разоткрива мистеријата околу ова место, доаѓа до израз опасноста со која се соочуваат. Улогите ги толкуваат: Ева Грин, Семјуел Л. Џексон, Аса Батерфилд, Џуди Денч, Крис О'Дауд и други.

9. „Storks” (29 септември)

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=3ubGgmaexv8]

Со тек на времето штрковите преминале од достава на бебиња, на достава на пакети. Но, кога се појавува нарачка на бебе, најдобриот штрк мора да брза да ја поправи грешката и да го испорача бебето каде што треба. Во анимираниот филм гласовите ги позајмуваатЕнди Самберг, Кејти Краун, Келси Грамер, Џенифер Анистон, Тај Барел, Џордан Пил.

10. „Snowden” (29 септември)

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=QlSAiI3xMh4]

Можеби најстрашниот политички-трилер од вистинскиот живот, што во последно време се има случено во САД, е основата на долгоочекуваниот филм на режисерот Оливер Стоун. Филмот ќе ја раскаже приказната за животот на Сноуден (Џозеф Гордон-Левит) од кога започнал да и служи на својата држава, до моментот кога решава да ја предаде таа служба. 

*Датумот на македонска премиера не е познат, наведен е на американската.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Филм & ТВ

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе
  • filter

„Кралицата на ботоксот“ позираше во долна облека за магазинот Elle

Читај повеќе

Бијонсе разголена за новиот албум

Читај повеќе