Финализирана продажбата на еврообврзницата

Продажбата на еврообврзницата е денеска финализирана, односно издадени им се обврзниците на инвеститорите, а средствата се уплатени на сметката на Министерството за финансии во Народната банка.

„Согласно постапката за издавање на еврообврзница денеска е потпишано и приложено правното мислење потпишано од министерот за правда, кое се издава на денот на трансакцијата, односно уплатата на средствата и запишувањето на обврзниците на име на инвеститорите“, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

„Од денот на аукцијата до денот на финализирањето на продажбата на еврообврзницата со уплата на средства и запишување на сопственост, се средува документацијата - период кој беше искористен од страна на опозицијата да шири невистини во јавност со неточно толкување на законската регулатива. Со кампањата спроведена од страна на опозициската СДСМ изминатиот период беше нанесена штета по угледот на Министерството за финансии, министерот за финансии и владиниот тим што учествуваше во постапката, но и материјална штета по сите граѓани на Република Македонија преку подигање на каматната стапка како резултат на ефектите од таа кампања. Црната кампања придонесе за штета од околу 25 милиони евра по основ зголемена каматна стапка, средства кои неоправдано Република Македонија и граѓаните на Република Македонија ќе ги плаќаат во наредните седум години“, велат од Финансии.

Од таму додаваат дека со цел да се заштити меѓународниот углед на државата и на Министерството за финансии, ќе ги преземат сите законски мерки за да се санкционира своеволието и неоправданото дејствување на опозициската СДСМ.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе