Финалниот трејлер за „The Predator“ е крвав и насилен
20th Century Fox го објави финалниот трејлер за The Predator, овој пат со повеќе сцени кои откриваат нови детали за крвавото насилство што Предаторите ќе го вршат на Земјата.
Филмот е во режија на Шејн Блек, а светската премиера ќе ја доживее на Филмскиот фестивал во Торонто.
Премиерата во киносалите е закажана за 14 септември.