„FinanceThink“: Плата во плико најмногу земаат вработените осигурени на минимална плата

Скопје, 18 април 2019 (МИА) – Анализа направена од „FinanceThink“ покажува дека 17,8 проценти од работниците во државата, кои имаат формален договор за вработување, добиле плата во плико односно плата на рака.

Најпогодени се работниците кои земаат минимална плата, односно 62 проценти од вработените кои се осигурени на минимална плата, добиле плата во плико. Притоа, во просек, платата во плико изнесува скоро исто колку и формалната плата на сметка.

– Ова укажува дека постојат сектори и занимања кај кои постои тенденција договорот за вработување да се склучи на минимална плата, со истовремен формален договор, остатокот од платата да се добива во готовина, се наведува во анализата на „FinanceThink“ за квалитетот на живот во 2017 година.

Гледано по занимања, анкетата покажува дека 23,2 проценти од мајсторите во металната, машинската, текстилната и прехранбената струка и 21,5 проценти од вработените во услужните дејности примаат плата во плико. До сличен заклучок се доаѓа и ако платата во плико се набљудува низ призма на секторите на дејствување. Така, платата во плико е најзастапена кај работниците во градежништвото со 28 проценти.

Платата во плико не е карактеристична само за одредена возраст, на вработени, но интересно е тоа што давањето на ваква плата е повеќе застапено кај жените, отколку кај мажите.

Највисоки плати во плико примаат работниците во скопскиот регион, а најмногу плата во плико се исплаќа во Пелагонискиот регион (42 проценти). Висок е и процентот на исплата на плата во плико и во југоисточниот и скопскиот регион.

Платата во плико е плата исплатена во готово врз основа на неформален устен договор меѓу работникот и работодавачот. Со ваквото исплаќање на платата, работодавачите заштедуваат во износот на даноци и социјални придонеси што се плаќаат во државата.

Според „FinanceThink“, решавањето на овој проблем бара долгорочен напор насочен кон градење договор меѓу државата, работодавачите и работниците, а за да се намали и искорени оваа појава потребни се мерки на казнивост и мерки на мотивација и едукација.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе