Серија А ѝ даде зелено светло на Фиорентина да ја користи капитенската лента посветена на трагично-починатиот дефанзивец Давиде Астори и во претстојната сезона.
По многу расправии, на крајот победија виолетовите. Клубот од Фиренца нема повеќе да има проблеми и ќе може слободно да ја користи капитенската лента на која има испишано порака во чест на Астори.
Давиде Астори почина во март минатата година од срцев удар. Имаше 31 година и беше капитен на клубот од Фиренца.
Новиот капитен на Фиорентина, Аргентинецот Херман Песела минатата сезона носеше лента со посвета до Астори што се коси со новите правила на Серија А кои велат дека капитенските ленти мора да бидат празни.
Песела после секој гол ја вади лентата од рака, ја покажува кон публиката и отпоздравува во чест на Астори.