Firefox 65: Пристигнува нова верзија на популарниот интернет прелистувач

Mozilla го најави новиот Firefox 65 уште во декември, кога оваа верзија влезе во бета фазата. Официјалната промоција доаѓа набрзо, бидејќи компанијата најави дека веќе утре Firefox 65 ќе биде достапен за корисниците ширум светот.

Иако стабилна верзија на Firefox 65 почна да се појавува неколку дена претходно, новата верзија официјално ќе биде претставена утре и ќе биде достапна за корисниците на Windows, Mac и Linux.

Firefox 65 ќе ја додаде поддршката за WebP image форматот, кој е креиран од страна на Google и би требало да понуди подобра компресија на слики од форматите PNG и JPEG, со ист квалитет на сликите во податоци кои се за 25% до 34% помали. Тука е и поддршката за AV1 видео кодекот, со компресија која е двојно поефикасна од онаа на H.264.

Прелистувачот Google Chrome, кој е најголем ривал на Mozilla Firefox, веќе ги поддржува двата формати, додека Microsoft Edge го поддржува форматот WebP и има бета поддршка за AV1 преку екстензии за самиот прелистувач.

Помеѓу останатите измени во Firefox 65 е и опцијата Handoff on Mac, која овозможува продолжување на видеото на iPhone или iPad таму каде што корисникот застанал на неговиот Mac уред. Притоа, вклучена е и опција за поедноставено блокирање на содржината, сигурносни подобрувања за Linux, Android и Mac корисниците, и многу други.

реклама

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе