Хроника

Физичка пресметка меѓу возачи по сообраќајна несреќа во Скопје

7. септември 2019 - 16:05 | МИА

На 06.09.2019 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Пинтија дошло до физичка пресметка меѓу две лица.

Откако претходно се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „лада“ управувано до Г.Т.(53) од Скопје, патничко моторно возило „туарег“ управувано од М.М.(27) од Скопје и патничко моторно возило „пежо“, сите со скопски регистарски ознаки, настанала расправија меѓу учесниците во сообраќајката.

Притоа, Г.Т. бил физички нападнат од М.М.

Направен е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

Коментирај