Фјури против Чисора на 3 декември во Лондон

Британскиот боксер Тајсон Фјури ќе ја брани титулата светски првак во тешка категорија во верзијата WBC против сонародникот Дерек Чисора на стадионот на Тотенхем во Лондон на 3 декември.

Фјури веќе двапати го совлада Чисора (33 победи, 12 порази) - прво во мај 2011 година со едногласна одлука на судиите на „Вембли“, а потоа три години подоцна Чисора ја предаде борбата во 10-тата рунда, исто така, во Лондон.

Пресметката против Чисора за Фјури доаѓа откако не успеаја преговори за борба против британскиот боксер Ентони Џошуа, кој е поранешен светски првак во тешка категорија во верзиите WBA, IBF и WBO.

Непоразениот Фјури (32 победи, 1 реми) потврдувајќи ја борбата против Чисора објави на Twitter - „Одиме на Дел Бој“, алудирајќи на еден од прекарите на неговиот следен противник. „Се гледаме на 3 декември во Лондон!“, додаде.

URL

Чисора беше далеку позаканувачки твитајќи: „Физички ќе му го одземам она што му припаѓа на Тајсон Фјури и ќе го направам мое“.

URL
реклама

Останати спортови

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Read more

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more
 

Спорт

Швајцарија ја доби вајл-картата за ракометниот Мундијал 2025

Читај повеќе
  • filter

Возачи што најдолго чекаа на својата прва победа во Ф1

Читај повеќе

25 фудбалери повикани во младата репрезентација за јунските контролки

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп го разнежни подарок од навивач на Ливерпул, ќе го чува на посебно место

Читај повеќе

Протекоа пораки во кои Чеферин го навредува Перес: Тој е идиот и расист

Читај повеќе

Семејството Шумахер доби оштета за лажното интервју

Читај повеќе

Во Лондон паднал договор: Ханси Флик ќе ја води Барса

Читај повеќе

За прв пат една лига може да има 6 учесници во ЛШ, Италијанците тријат раце

Читај повеќе
  • play_arrow

Тренерот на Аталанта: Испишавме историја

Читај повеќе