Чек дис аут

Флојд Мејведер знае да даде бакшиш: По 300 долари за цел персонал

21. октомври 2019 - 18:59 | А.С.

Флој Мејведер сака да покажува колку е богат и колку пари заработил во текот на неговата легендарна боксерска кариера.

Иако е познат по тоа што се фали со парите и луксузите кои си ги дозволува, Мејведер знае и да почести, а тоа го покажа со прекрасен гест во еден ресторан во Лас Вегас.

Сите вработени во кујната на ресторанот за морска храна Catch во Лас Вегас лично добиле бакшиш од 300 долари од Мејведер кој бил презадоволен од услугата за неговото друштво од 16 луѓе.

„Лично им се заблагодари на сите. Готвачите беа пресреќни“, вели вработен во ресторанот кој додаде дека Мејведер славел роденден на блиска личност.

Можеби со ваквиот потег Мејведер сака да си ја подобри репутацијата како муштерија во Градот на гревот. За потсетување, во 2014 година келнерка во Hard Rock се пожали дека шампионот не оставил „ни цент“ на сметка од 25.000 долари во која биле вклучени 200 порции пилешки крилца и 20 шишиња шампањ.

За волја на вистината, претставници на Hard Rock подоцна јавно ги негираа таквите тврдења на келнерката.

Коментирај