Електричните болиди во Formula E ќе добијат нов изглед за петтата сезона, која ќе почне во 2018 година. Иако досега се појавуваа разни визии за новите болиди, компанијата Spark Racing Technologies која ќе ги изработува ги објави фотографиите од концетот и изгледаат вистински неверојатно.
Француската компанија ветува подобрена аеродинамика, намалена тежина и многу поефикасна искористеност на батеријата. Сите овие новини ќе ги направат болидите побрзи, но компанијата ветува и поголема безбедност за возачите. На некои од фотографиите се гледа решение со целосно затворен кокпит.
Петтата сезона на натпреварувањето ќе биде исклучително важно, не само поради предизвикувачкиот изглед на болидите, туку и поради најавите од компаниите дека развиваат батерии што ќе овозможат тие да ја комплетираат целата трка без менување на возилото.
Во таа сезона треба да се вклучи и Mercedes-Benz, што ќе ја зголеми атрактивноста во која веќе се пријавени Jaguar, Renault, Audi, BMW и младите компании како NextEV и Faraday Future.