Fortnite Monopoly: Пристигнува специјално издание на Монопол

Во екот на популарноста на видео играта „Fortnite“ ќе биде пуштено во продажба и посебно издание на Монопол посветено токму на неа.  Култната друштвена игра во текот на годините доживеа неколку измени и имаше различни специјални изданија, но со овој потег покажува дека и понатаму е во тек со трендовите.

За време на викендот Fortnite Monopoly само накратко се појави на веб-страницата Zavvi, каде беше достапна за купување, но набрзо потоа беше отстранета оттаму.

Hasbro и Epic Games сепак ја потврдија веста дека ваквиот производ е веќе произведен и набрзо ќе пристигне во продажба. Според Kotaku, ова издание на друштвената игра ќе има комбинирани правила од Fortnite и Монопол, со цел да биде уникатна и забавна за играчите на двете игри.

„И понатаму целта на играта ќе биде да купувате имот, само што наместо пари ќе морате да го правите тоа со поени кое го означуваат вашето здравје. Наместо да плаќате за местата, ќе работи по принципот ‘прв во редот – прв услужен’. Секогаш кога ќе дојдете на ред вртите две коцки – едната која ве движи напред на таблата и една со која можете да преземете некаква акција. Ќе можете да го стрелате противникот ако се наоѓа на иста страна од таблата, можете да изградите ѕид за да се заштитите од стрелање, можете да пуштите Boogie Bomb која ќе предизвика секој од противниците да изгуби одредена количина од здравјето или пак можете да искористите „фластер“ кој ќе го подобри вашето здравје. Ако ги изгубите сите поени од вашето здравје – губите. Исто како во видео играта, победник е играчот кој ќе остане последен на таблата“, пишува во правилникот.

Fortnite Monopoly пристигнува на 1 октомври, што ви остава доволно време за да најдете барем уште тројца пријатели со кои ќе ја играте оваа друштвена игра.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Гејминг

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more
 

Гик

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе