Франција и Шпанија во необичен политички спор: Се скараа за доматите

Иако живееме во свет во кој тензиите меѓу земјите се зголемуваат речиси секојдневно, најмалку што може да се очекува е дека две европски земји ќе влезат во политички конфликт за домати.

Имено, француските политичари во текот на изминатата недела, под притисок на земјоделците кои организираа демонстрации, изразија солидарност со нив и изјавија дека нивните шпански колеги уживаат неправедно подобар статус затоа што подлежат на помалку барани еколошки стандарди.

Пониските еколошки стандарди значат и дека шпанските земјоделци можат да произведуваат овошје и зеленчук по пониска цена.

Со ваквата изјава се согласи и премиерот на Франција, Габриел Атал, кој рече дека не е фер соседните земји да можат да користат пестициди кои се забранети во Франција.

„Лицемерно е да се увезува овошје и зеленчук од оние места кои го уништуваат сопствениот екосистем за да произведуваат“, рече францускиот премиер.

На неговите изјави реагираше и шпанскиот премиер Педро Санчес, кој во четвртокот по вонредната седница на Европскиот совет ги отфрли коментарите на Атал и ги пофали шпанските производи.

„Успехот на нашите производи е резултат на огромниот иновативен напредок на земјоделскиот сектор и напорната работа на шпанските фармери“, рече Санчес.

Тој се осврна и на негативните коментари на поранешната француска министерка за екологија, Мари-Сеголен Ројал, која изјави дека шпанските производи се сметаат за „биолошки лажни“ и дека доматите во таа земја се прогласени за нејадливи.

„Нема сомнеж дека нашите домати се најдобри во светот. Ја поканувам Ројал да дојде во Шпанија и да ги проба нашите домати. Наскоро ќе разберат зошто се без конкуренција“, заклучи Санчес.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе