Француски новинар се инфилтрирал и минал шест месеци во редовите на IS

Новинар на француската телевизија Канал плус минал шест месеци во редовите на терористичката организација Исламска држава (IS) и тајно ги снимал за потребните на документарниот филм што го подготвувал, пренесуваат француските медиуми.

Под псевдонимот Саид Рамзи, новинарот имал средби со џихадистите, ги снимал и открил како изгледа процесот на радикализација. Французинот се инфилтрирал во редовите на џихадистичката ќелија, а во филмот кој беше прикажан во понеделникот, себеси се опишал како муслиман од истата генерација како џихадистите кои ги извршија терористичките напади во Париз.

„Јас сум муслиман. Секој нов напад го менува мојот живот, го усложнува, развива проблеми на расизам и интеграција“, истакнал новинарот, додавајќи дека „не ги обвинува оние кои имаат предрасуди кон муслиманските мигранти“.

„Терористите од Париз се деца на мигранти, а опасноста од муслиманските терористи е реална. Сакам да се борам против оние луѓе кои убиваат во името на Алах, а оружјето кое го одбрав е инфилтрацијата“, рекол Рамзи.

За агенцијата AFP истакнал дека сакал да открие кои се мотивите што стојат позади делувањето на терористите и работите „кои се случуваат во нивните глави“.

„Една од главните работи кои ги научив е дека никогаш не видов никаков ислам во сето тоа. Желбата не беше светот да се направи подобро место. Само изгубени, фрустрирани, со нагони за самоубиство и лесно изманипулирани млади. Ја имаа таа несреќа да се родат во време кога постои Исламска држава. Тоа е навистина тажно. Тоа се млади кои нешто барале, но го нашле ова“, рекол новинарот.

Со екстремистите со кои се поврзал преку социјалната мрежа Фејсбук, а контактирал со едно лице од француско-турско потекло, кое се викало Усама. Тој себеси се нарекувал „емир“ на групата. Џихадистичката ќелија имала најмалку десет екстремисти кои биле одлучни да убијат „максимален број на неверници“ и да го заслужат влезот во рајот.

Некои од екстремистите биле родени во муслимански семејства, но имали и такви кои преминале во ислам. Првата средба се случила во градот Шатору во централна Франција. Новинарот бил уверуван од страна на Усама дека рајот го чека доколку изврши самоубиствен напад.

„Кон рајот, тоа е нашата цел. Дојди брате, одиме во рајот, нашите жени таму не чекаат, со ангели како слуги. Ќе имаш палата и крилат коњ од злато и рубини“, говорел Усама. Местото на средбите потоа одвреме навреме се променувале, а една средба се случила и во париското предградје Стаинс.

Новинарот се присетил и на разговор со еден екстремист кој предлагал да се случи патнички авион со „мали носечки ракети“. Додека разговарале, екстремистот покажал со прст кон авион кој се приближувал кон аеродромот северно од Париз и коментирале како таквиот напад би оставил стогодишни трауми во Франција.

Рамзи вели дека Усама живеел во „измислен свет“, кој предлагал да извршат напад и на воена база, француските телевизии кои биле „ во војна против исламот“ и слично. Тој исто така ги фалел нападите над сатиричниот весник Шарли Ебдо и говорел како „илјадници Французи мора да умрат“. Усама неодамна бил уапсен во Турција и предаден на Франција каде што поминал пет месеци во затвор поради обид да отиде во Сирија.

Новинарот додава дека и од затворот Усама останал во контакт со џихадистите, а во затворот бил во можност преку лаптоп и интернет да комуницира и со исламистите во Сирија.

„Тие ги читаат нивните блогови и Фејсбук страници. Комуницираат со борците во Рака“, рекол новинарот. Рамзи исто така сведочи дека еднаш сретнал и жена која му предала документ со упатства за напад на еден ноќен клуб, а службите за безбедност успеале да го откријат планот и да ја разбијат ќелијата, по што завршила и тајната мисија на францускиот новинар.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе