Свет

Француски полицајци обвинети за групно силување на туристка

14. јануари 2019 - 14:25 | А.С.

Двајца припадници на француската полиција се товарат за учество во групно силување на туристка од Канада.

Инцидентот се случил во 2014 година, во мал ирски паб во Париз, во близина на 36 Quai des Orfevres, една од најпознатите полициски станици во Франција.

Двајцата француски полицајци од престижната Единица за истражување и интервенција се товарат за учество во групно силување на туристка од Канада која е идентификувана само како Емили.

Таа тврди дека се запознала со група полицајци од т.н. „бригада против банди“ во ирски паб во април, 2014 година. По неколку пијачки ја поканиле да ја прошетаат низ познатата полициска станица што често ја има како кадар во филмови.

Откако стигнале таму, тие наводно ја силувале неколку пати.

Според француските медиуми, судиите првично одбиле да го разгледаат случајот, но Париското обвинителство и Емили ја добиле жалбата и сега почнува судењето.

Ако бидат прогласени за виновни, полицајците може да добијат казна затвор до 20 години.

Коментирај