Ракомет

Французите здивнаа, повредата на Карабатиќ не е сериозна

29. декември 2016 - 11:35 | Макфакс

Еден од најдобрите светски ракометари Никола Карабатиќ го повредил скочниот зголб, но како што соопштија од француската репрезентација, повредата не е сериозна и тој ќе биде подготвен за настап на Светското првенство што за две недели ќе почне во Франција.

„Добро се чувствувам, повредата не е сериозна, станува збор за мало истегнување на зглобот. За да бидам во вистинската форма за СП ќе морам да внимавам на многу детали“, рекол Карабатиќ.

Франција на СП се наоѓа во групата со Полска, Норвешка, Русија, Јапонија и Бразил. Првиот меч ќе го одигра на 11. јануари против Бразил.

На ова СП ќе учествува и репрезентацијата на Македонија, која за противници во групата ги има Шпанија, Словенија, Тунис, Исланд и Ангола. Првиот меч Македонија ќе го одигра на 12. јануари против Тунис.

Коментирај