Активисти кои се борат против климатските промени организираа протести и го блокираа влезот на Саемот на автомобили во Франкфурт.
Околу 20.000 активисти поделени во неколку групи го „окупираа“ влезот на Саемот - едни кружеа со велосипеди околу саемот и на тој начин го блокираа сообраќајот, додека другите седеа пред влезот
Активистите упатуваат критики против автомобилската индустрија која ја загадува околината. Исто така, бараат да се забрза производството на електричните автомобили.
Демонстрантите бараат да се обрне внимание на велосипедистите и на пешаците, да се прошири железничкиот сообраќај, а брзината на автопатот да се ограничи до 120 км/ч.