Дополнителни 120 тони сол се фрлени на градските булевари и улици. Сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни.
Во расчистувањето на тротоарите и јавните површини ангажирани се повеќе од 100 работници и механизација од ЈП „Комунална хигиена“, работници и механизација од ЈП „Паркови и зеленило“, како и работници од ЈП „Водовод и канализација“ кои работат на чистење на сливниците.
„Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување“, се вели во соопштението и се апелира граѓаните да ги исчистат приодите до нивните објекти.
JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.