Анимираниот „Frozen 2“ на Disney постави нов рекорд во САД на гледаност, со заработка од 85,2 милиони долари во текот на празничниот викенд во земјата, како и 123,7 милиони во текот на последните пет дена од неделата.
Претходно, рекордот за филм со најголема заработка меѓу Денот на благодарноста и викендот беше „The Hunger Games: Catching Fire“ со 109 милиони долари. По прикажување од 2 недели „Frozen 2“ заработи скоро 300 милиони долари во Северна Америка и 451 милион долари на интернационално ниво. За само 12 дена филмот заработи 739 милиони долари на глобалниот бокс-офис и ќе биде шестиот филм на Disney кој надминал заработка од милијарда долари.
На второто место се најде „Knives Out“ со заработка од 27 милиони долари во текот на вториот викенд од прикажување, додека „Ford v Ferrari“ го зазеде третото место со 13,2 милиони долари.
„A Beautiful Day in the Neighborhood“ е на четвртото место со 11,8 милиони долари, а премиерата на „Queen & Slim“ се најде на 11,7 милиони долари.
1 .Frozen 2 – 85,2 милиони долари
2. Knives Out – 27
3. Ford v Ferrary – 13,2
4. A Beautiful Day in the Neighborhood – 11,8
5. Queen & Slim – 11,7
6. 21 Bridges – 5,8
7. Playing with Fire – 4,2
8. Midway – 3,9
9. Joker – 2
10. Last Christmas – 1,9 милиони долари.