КВАЛИФИКАЦИИ ЗА У19 ЕУРО 202

Фудбалерите до 19 години ја минаа првата квалификациска рунда

Македонска репрезентација ја оствари потребната победа над Луксембург и како втора во групата се пласираше во втората фаза од квалификациите за пласман на У19 ЕУРО 202О.

Младите Македонци мораа да го совладаат Луксембург и да се надеваат дека Англичаните ќе ја победат Босна и Херцеговина со неколку голови разлика.

Отпорот на гостите од Луксембург беше скршен дури во претпоследната минута пред паузата кога Давид Тошевски постигна гол. Само моменти подоцна, во судиското надополнување на 2:0 зголеми Арби Воша.

Гостите пропуштија колосална шанса да го постигна својот прв гол во овие квалификации. Во 65-тата минута Хелд ја затресе стативата, а по одбиената топка Хансен успеа да промаши празен гол.

Во 79-тата минута Бојан Димовски од далечина упати силен удар кој заврши во пречката, а само минута подоцна Абдулвахит Мурати со глава постигна трет гол.

Победата од 3:0 беше доволна за Македонија да се пласира во таканаречената Елитна фаза од квалификациите бидејќи услуга ни направи Англија која со 4:1 ја победи Босна и Херцеговина. Македонија оди понатаму поради подобра гол-разлика од Босанците, односно поради повеќе постигнати голови (3 наспроти 2).

Претходно нашите надежи во првото коло одиграа без голови против Босна и Херцеговина, а во саботата во второто коло беа преслушани од Англија губејќи со 5:0.

Конечна табела:

Англија и Македонија одат во Елитната фаза од квалификациите, додека Босна и Херцеговина ќе се надева дека како најдобра третопласирана репрезентација ќе им се придружи. Елитната фаза ќе се игра во март исто така во групи од по 4 репрезентации.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе