Фудбал
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА У19 ЕУРО 2020

Фудбалерите до 19 години ремизираа со Босна и Херцеговина на стартот од квалификациите

13. ноември 2019 - 15:21 | Ф.З.

Во тврд и рамноправен натпревар младите надежи на Македонија и Босна и Херцеговина со реми ги почнаа квалификациите за пласман на У19 Европското првенство кое наредното лето ќе се одржи во Северна Ирска.

Првото полувреме мина без поголеми возбудувања, освен кога гостите ја погодија пречката преку Баришиќ кој со глава биеше само во рамката од нашиот гол. Двата тима имаа неколку обиди, не за посериозна шанса се чекаше до последните дваесетина минути.

Босанците имаа одлична шанса за гол во 71-вата минута кога Станиќ испрати силен удар кој за наша среќа ја затресе пречката. Седум минути подоцна нова бомба од далечина за гостите преку Радоња чиј удар нашиот голман Андов одлично го одбрани, а одбиената топка од пред гол Илинковиќ непрецизно ја упати над пречката.

За Македонија настапија: 1. Андов; 3. Димовски (82' 18. Новевски), 6. Ѓурковски, 5. Митревски (70' 15. тасевски), 2. Јанкулов; 4. Даути, 8. Елези (к); 11. Максимов, 17. Николов (76' 16. Воша), 10. Мухарем; 19. Хајдари (81' 9. Тошевски).

Во другиот натпревар, Англија очекувано лесно го совлада аутсајдерот Луксембург со 4:0.

Табела по 1-во коло:

Во наредното коло кое се игра во сабота младите Македонци ќе имаат тешка задача бидејќи се среќаваат со фаворитот Англија.

16 ноември, 13.00 часот:

Стадион „Ѓорче Петров“
Босна и Херцеговина - Луксембург

Стадион „Петар Милошевски“
Англија - Македонија

Коментирај