Фудбалска револуција во Англија: Наместо тренер, клубот вработи вештачка интелигенција

Светот на фудбалот полека, но сигурно станува свет во кој технологијата е неопходна. Еден лондонски клуб реши дека има целосна доверба во технологијата, па „вработи“ вештачка интелигенција која е задолжена да го одбира составот и тактиката за натпреварите на тимот.

Клубот Вингејт енд Фичли, кој игра во седмата англиска дивизија, направи партнерство со компанијата за вештачка интелигенција The Big Bang Fair, со кое вметна робот со вештачка интелигенција кој е задолжен да извршува тренерски задачи.

Се работи за паметен звучник кој е поврзан со компјутер и користи информации добиени од тренери и менаџери за да креира тактики, да ги одбира играчите од составот, па дури и да составува мотивациони пораки.

На пример, тренерот на тимот би можел да го запраша паметниот звучник која би била најдобрата формација за вечерашниот меч. Вештачката интелигенција ја прима таа информација, ја преработува, споредува податоци и ги анализира противниците пред да му даде конечен одговор. AI тренерот може да го одбира составот, да предложи замена, а е дизајниран на тој начин што учи додека работи и постојано се надградува.

„Беше многу интересно за првпат да се види како вештачка интелигенција работи заедно со играчите и тренерите за да го прошири своето знаење за играта, помагајќи и развивајќи нови начини на правење одлука“, рече тренерот на тимот, Дејв Норман.

Новиот систем беше за првпат употребен на тренинг на клубот, а за првпат ќе биде употребен на натпревар следниот месец, кога на 9 февруари тимот на Вингејт енд Фичли ќе се соочи со Уајтхок.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе