Фудбал

Фудбалски тренери кои најмногу заработуваат: Мурињо се врати во топ 3

21. ноември 2019 - 13:21 | Ф.З.

Жозе Мурињо стана нов тренер на Тотенхем и тоа со договор богат 15 милиони фунти по сезона со што е веднаш зад Гуардиола како втор најплатен тренер во светот.

Манчестер Сити троши убедливо најмногу пари на својот стратег. Каталонецот Пеп Гуардиола ги чини „Граѓаните“ дури 20 милиони фунти годишно што е дури 13 милиони повеќе од Јирген Клоп кој растура со Ливерпул.

Во топ 10 листата која ја објави Tuttomercato првите двајца (Гуардиола и Мурињо) се од Премиер лигата, а трет е Симеоне од Атлетико Мадрид.

Следуваат предводниците на кинеските клубови Далијан и Гуанцоу, Бенитес и Канаваро, заедно со Зизу од Реал.

Со под 10 милиони фунти годишно како најплатен во Серија А е интеровиот Конте, потоа „Светецот“ Тухел и Валверде на Барса. На дното е, можеби моментално стратегот број еден, Јирген Клоп.

1. Пеп Гуардиола (Манчестер Сити) 20 милиони фунти

2. Жозе Мурињо (Тотенхем) 15 милиони фунти

3. Диего Симеоне (Атлетико) 13 милиони фунти

4. Рафаел Бенитес (Далијан Ифан) 11,5 милиони фунти

5. Фабио Канаваро (Гуанцоу Евергранд) 10 милиони фунти

5. Зинедин Зидан (Реал Мадрид) 10 милиони фунти

7. Антонио Конте (Интер) 9 милиони фунти

8. Томас Тухел (ПСЖ) 8 милиони фунти

8. Ернесто Валверде (Барселона) 8 милиони фунти

10. Јирген Клоп (Ливерпул) 7 милиони фунти

Коментирај