Како најновиот модел на Samsung се споредува со најдоброто од Apple

Galaxy S10 vs iPhone XS: Кој е најдобриот смартфон на пазарот?

Оваа недела Samsung ги претстави новите смартфони од линијата на Galaxy S10, и како и обично, започнаа споредбите помеѓу овие уреди и оние од гамата на Apple. Според Samsung, нивните модели се врвот на телефонската индустрија, додека Apple тврди дека iPhone е на врвот уште многу одамна и нема намера да се симне од таму. Но, како се споредуваат двата најдобри модели од двете компании?

Основниот модел Galaxy S10 и нешто поскапиот Galaxy S10+ нудат различни работи во поглед на големината, спецификациите и цената, но флегшип моделот Galaxy S10 е оној кој има аспирација да се споредува со iPhone XS на Apple.

Поминаа шест месеци помеѓу промоцијата на новите модели на Apple и претставувањето на Galaxy S10, со што Samsung доби предност во трката по освојување на приматот на „најдобар телефон на пазарот“. За да се увериме кој од двата модели е подобар, решивме да ги споредиме еден наспроти друг.

Екран

Сите три верзии на двата модели доаѓаат во различни големини, но стандардните флегшип модели се со скоро иста големина. Екранот на iPhone XS е нешто помал од оној на Galaxy S10, со големина од 5,8 инчи наспроти онаа од 6,1 инч. И двата уреди „пораснаа“ со тек на време, за што говори и фактот дека оригиналниот iPhone имаше екран со големина од 4,5 инчи.

Камера

iPhone XS доаѓа со 12-мегапикселна камера со две леќи, што претставува подобрување во однос на iPhone X. Од друга страна, камерата на Galaxy S10 има тројна леќа, од кои едната е за ултрашироки агли, втората е телефото леќа и третата е онаа главната, од 12 мегапиксели.

Внатрешни спецификации

И двата телефони, Galaxy S10 и iPhone XS, имаат врвни процесори во Qualcomm Snapdragon 655 и A12 Bionic, последователно. Но, кога се работи за внатрешната меморија, таму Galaxy S10 доаѓа до првата предност. iPhone XS има внатрешна меморија од 512GB, исто како Galaxy S10, но нема можност за проширување на меморијата. За разлика од него, моделот на Samsung може да се надогради до 1TB меморија.

Батерија

Новиот модел на Samsung има батерија со капацитет од 3.400 mAh, иако е тешко да се одреди како таа навистина ќе се однесува во вистинскиот живот. Apple традиционално не соопштува детали околу капацитетот на батеријата, но и нивниот XS, како и Galaxy S10, има можност за безжично полнење. Единствената предност на Galaxy S10 е тоа што има можност за повратно безжично полнење, што значи дека може да напојува други компатибилни уреди.

Цена

Иако iPhone XS е шест месеци постар, сепак е малку поскап од моделот на Samsung. Додека основнио модел на Samsung Galaxy S10 чини 899 долари, цената на основниот iPhone XS почнува од 1.099 долари и се движи нагоре до 1.349 долари.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе