Гангстери со митралези упаднаа во ТВ студио на Еквадор, прекината програма во живо

Макфакс
/ 10.01.2024 / 08:14

Тешко вооружени гангстери упаднаа во студиото на една голема телевизиска станица во Еквадор за време на програма во живо додека криминалните банди почнаа серија навидум координирани напади низ јужноамериканската земја.

Носејќи пиштоли, митралези и динамит, маскирани криминалци упаднаа во седиштето на мрежата TC Televisión во најголемиот град во Еквадор, Гвајакил, околу 14 часот по локално време.

Весникот El Univerzo пишува дека во паника новинарите и снимателите испратиле бројни пораки барајќи помош додека гангстерите дивееле низ зградата.

„Тие сакаат да убијат многумина од нас. Помогнете ни“, гласеше една порака. Националните полициски сили на Еквадор објавија на социјалните мрежи дека специјалните сили биле распоредени на местото на злосторството „за да се справат со оваа вонредна состојба“.

URL

До упадот во студиото дојде кога криминалните банди започнаа бран на терор низ Еквадор, киднапирајќи полицајци и активирајќи серија бомби, додека затворениците киднапираа десетици чувари. Нападите се случија неколку часа откако новиот претседател Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба по бегството на водачот на најопасната банда во земјата.

Додека илјадници војници и полицајци го бараа Адолфо Масиас, осудениот водач на моќната банда Лос Чонерос, избувна хаос внатре и надвор од затворот во очигледна демонстрација на сила на организираните криминални групи против новиот претседател на земјата. Нобоа, кој беше избран во октомври врз основа на ветување дека ќе го сузбие насилниот криминал, доцна вчера прогласи двомесечна вонредна состојба.

Тој вети дека ќе ја врати контролата врз затворите во земјата, кои постојано беа сцена на брутално насилство меѓу завојуваните банди. Се чини дека вонредната состојба немаше непосреден ефект бидејќи тројца полицајци беа киднапирани во јужниот град Мачала, а криминалците киднапираа уште еден полицаец во главниот град Кито.

Се верува дека уште десетици затворски чувари биле земени како заложници во затворите ширум земјата, иако затворските власти не дадоа дополнителни детали. Масиас (44) исчезна од затвор во неделата додека беше префрлен во затвор со максимално обезбедување во Гвајакил.

Масијас отслужува 34-годишна затворска казна од 2011 година за трговија со дрога, убиства и организиран криминал, но тој останува моќна личност зад решетките. Друг опасен водач на банда, Фабрисио Колон, избегал од затворот Риобамба за време на синоќешните немири, потврди затворската служба.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе