Гатузо пред Миланското дерби: Не треба да се плашиме од Интер

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, ја одржа својата традиционална прес-конференција пред утрешниот дуел со Интер.

Во пресрет на 169-тото „Миланско дерби“, популарниот Рино најави дека ќе побара од своите играчи да покажат смиреност и самодоверба.

– Интер е силен тим не само на хартија. Го покажаа тоа во Лигата на шампионите. Тимот е физички силен. Не треба да се плашиме, бидејќи во последното дерби имаше голем страв во нашиот тим. Мораме да го почитуваме Интер, но да играме на начин, како што можеме. Играчите на Интер имаат различни карактеристики од нашите. На техничко ниво, ние не не отстапуваме, па дури и поседуваме некои работи повеќе, изјави Гатузо.

Тој оцени дека дербито е важно за навивачите, но дека тоа дава три поени, како и сите други натпревари.

– За клубот ова е посебен меч. Таков натпревар се добива со добри акции и малку среќа. Во последниот дуел против Интер имавме многу среќа и тие заслужуваа да победат. Игуаин? Јас му верувам на колективот. Гонзало постигна голови благодарение на тимот. Ние треба да му дадеме многу пасови за да му дадеме шанса да постигне гол. Не мислам на пласманот во моментов. Го насочив вниманието кон средбата со Интер и подготовката на тимот за овој меч, изјави Рино.

Гатузо додаде дека не е загрижен и знае со какви квалитети располага тимот, нагласувајќи оти не сака да биде споредуван со тренерот на „нероазурите“, Лучано Спалети.

– Добриот физички тренинг е карактеристичен за тимот на Интер. Ако направите грешка на својата половина, тие се подготвени да ве казнат. Утре Калдара ќе почне од клупата. Има мал проблем, но тој се чувствува добро. Не можам да се споредувам со Спалети. Патот е многу долг и нѐ делат околу 20 години искуство. Тој е многу добар во правењето промени кога е потребно, нагласи тренерот на Милан.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе