Газдата на AliExpress заминува во пензија

Милијардерот Џек Ма, кој воведе електронска трговија во Кина, денеска официјално се повлекува од местото извршен претседател на Alibaba Group.

Тој заминува од функцијата на 55 години, две децении откако создаде бизнис вреден 460 милијарди долари.

Ма претходно најави дека ќе се посвети на филантропијата, а на местото извршен претседател ќе го замени досегашниот извршен директор на Алибаба, Данијел Чанг.

Заминувањето во пензија Ма ќе го одбележи со голема прослава во градот Хангџо, каде се наоѓа седиштето на Alibaba Group.

Ма во 2014 година ја формираше Фондацијата Џек М, истакнувајќи оти за добротворната работа инспирација му е Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

Скромниот милијардер

Џек Ма, стана најбогатиот човек во Кина во септември, 2017 година, кога беше објавено дека неговото богатство изнесува околу 25 милијарди американски долари. Но, тој тогаш рече дека бил многу среќен кога заработувал многу, многу помалку.

Ма вели дека бил подеднакво, ако не и посреќен кога бил млад, надежен работник тукушто излезен од колеџ, кога заработувал само 12 долари месечно.

По завршувањето на колеџ во 1988, тој работел како професор по англиски јазик на локалниот универзитет во Хангжу во Кина. Заработувал само 12 американски долари месечно, се вели во документарниот филм „Крокодил во Јангце“.

Кога зборуваше за филмот, Џек Ма рече дека тоа бил „најдобриот период од неговиот живот“. Вели дека тоа се должи на фактот што кога немаш многу пари, учиш да штедиш.

„Кога имаш помалку од 1 милион, знаеш како сакаш да ги потрошиш парите, но учиш и да штедиш. Кога имаш 1 милијарда, тоа не се само твои пари, туку пари на луѓето кои веруваат во тебе. Парите кои ги имам сега претставуваат одговорност. Тие претставуваат дека луѓето веруваат во мене“, рече Џек Ма.

Тој рече и дека пробува да ги троши парите на тој начин што ќе му врати на општеството. Ова не е првпат Ма да зборува колку е голем товарот да се биде милијардер. Според него, кога човек има 1 милион, тој заслужува да биде среќен, но кога богатството ќе надмине 10 милиони, тогаш животот станува тежок.

Бизнисмен пред своето време

Покрај тоа што почна цела една нова ера во онлајн трговијата, Ма исто така има напредни, визионерски размислувања за начинот на кој треба да функционира пазарот на труд воопшто.

Тој вели дека луѓето би требало да бидат во можност да работат само 12 часа неделно благодарение на предностите на вештачката интелигенција.

„Луѓето би можеле да работат само три дена неделно, четири часа дневно со помош на напредокот на технологијата и реформи во образовниот систем“, рече соосновачот на Alibaba Group на глобалната конференција за вештачка интелигенција, што се одржа во август во Шангај.

Џек Ма имаше интересна дебата за вештачката интелигенција со Елон Маск. Ма ја наведе електричната енергија за пример како развојот на технологијата може да овозможи простор за слободно време.

„Моќта на електричната енергија е во тоа што на луѓето им дава повеќе време така што навечер можат да одат на танцување или на караоке. Мислам дека луѓето поради вештачката интелигенција ќе имаат повеќе време да уживаат во животот“, вели Ма.

Еве го неговиот став за реформите во образованието:

„Во наредните 10, 20 години секое живо суштество, држава, влада би требало да се фокусира на реформи на образовниот систем, осигурувајќи се нашите деца да можат да најдат работа, работа за која се потребни само три дена во неделата, четири часа дневно. Ако не го промениме образовниот систем во кој се наоѓаме, сите ќе се најдеме во проблеми“, смета милијардерот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе