Гејминг

Гејмерите ставени пред тежок избор: Nubia Red Magic 3S или Xiaomi Black Shark 2 Pro?

14. октомври 2019 - 16:07 | А.С.

Се чини дека овој октомври е прилично богат со настани за гејмерската заедница, особено кога станува збор за гејмање „во движење“.

Откако ZTE одлучи да почне со продажба на Nubia Red Magic 3S, Xiaomi од месецов ќе го пушти во продажба во Европа својот топ гејмерски смартфон Black Shark 2 Pro.

И двата уреди на купувачите им нудат речиси идентичен хардвер: Snapdragon 855+ чипсет со најмногу 12GB RAM и 256GB простор за складирање.

Она што го става Nubiа чекор пред Black Shark е екранот со освежување од 90Hz и батеријата со капацитет од 5.000 mAh.

Останатите разлики се во нијанси што за повеќето гејмери нема да бидат голем фактор при изборот на новата „играчка“.

Nubia повеќе се ориентира на самото играчко искуство, па нуди само една камера од 48MP, додека Blackshark се обидува да ги задоволи потребите и на гејмерите и на класичните корисници, па затоа нуди две камери на задната страна на уредот, едната од 48 и другата од 12MP.

Европските купувачи ќе може да го добијат Black Shark 2 Pro за 599 евра во верзија 8/128GB, односно за 699 евра за моделот 12/256GB.

Уредот е достапен во три бои: Shadow Black, Iceberg Grey и Gulf Blue.

Nubia ќе биде глобално достапен од 16 октомври по цена од 479 евра за моделот 8/128 GB во нијансите Eclipse Black и Mecha Silver.

Официјално, Nubia Red Magic 3s досега се продаваше во три верзии Black, Silver и Cyber Shade. Последната ќе се продава само со 12 GB RAM и 256GB простор за складирање, по цена од 599 евра.

Коментирај