Хардвер

Гејмерски сон: Razer претстави лаптоп со три екрани

8. јануари 2017 - 12:44 | И.М.

Производителот на гејмерски компјутери и исто таква компјутерска галантерија, Razer, во склоп на саемот за технологија во Лас Вегас, CES, претстави неверојатен концепт за лаптоп со три екрани.

Наречен Project Valerie, ова е првиот пренослив лаптоп од овој тип. Станува збор за три екрани со 4k резолуција, секој со димензија од 17 инчи (43 cm). Двата странични екрани се лизнуваат од средишниот и може да се користат трите истовремено за гејмање, или за посебни програми и апликации.

Компјутерот има NVIDIA GeForce GTX 1080 GPU - најдобрата графичка на пазарот. 

Од Razer велат дека овој лаптоп е наменет за гејмери кои сакаат да имаат можност за пренесување на својата „машина“, како и за оние кои патуваат по турнири.

Бидејќи станува збор за концепт, Razer сè уште нема објавено датум на излегување и цена на лаптопот.

Loading the player...

 

Коментирај