Герапетритис: Преспанскиот за пасошите мора да се почитува, а меморандумите во Грција ќе бидат ратификувани кога ќе им дојде времето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, се осврна на Преспанскиот договор, одговарајќи на прашање на СИРИЗА за ратификување на трите меморандуми за соработка со Северна Македонија кои од 2019 година сè уште не се донесени во грчкиот парламент.

Герапетритис говорејќи за пасошите со новото име рече дека тоа е обврска што Северна Македонија имала време да ја заврши во изминатите пет години, а за ратификациите на меморандумите од грчка страна дециден е дека не е дојдено времето да се направи тоа.

„Тие ќе дојдат на ратификација во време што грчката држава ќе го смета за соодветно и секогаш во врска со правилното спроведување на Договорот. Навистина, има специфични рокови како 12 февруари за Северна Македонија кои не беа исполнети“, рече Герапетритис и додаде дека постојат специфични потешкотии за спроведување на обврските за патните исправи и за други прашања, меѓу кои табличките на автомобилите споменати во Договорот.

Шефот на грчката дипломатијата истакна дека Скопје не ја завршило навремено обврската за личните докумети, па затоа Грција ги направила сите неопходни дејствија, односно ги информирала властите во странство, за да постои целосно разбирање на имплементацијата на Договорот од Преспа.

„Грција очигледно е за формална имплементација на Договорот од Преспа и не може да биде поинаку. За да има напредок, мора да се исполнат условите предвидени во договорот. Усогласувањето на патните исправи е поврзано со рокот од 5 години што го имаше Северна Македонија“, рече тој и додаде: „тоа не е направено, не поради грчката држава, туку затоа што имало бирократски или други проблеми во Северна Македонија“.

Додаде и дека почитувањето на Преспанскиот договор спречува „други непријателски сили да побрзаат да воспостават динамична стратешка соработка со соседот, како што е Турција“.

Според министерот, без разлика дали некој се согласува или не со одредени поглавја од Договорот на Преспа, веќе се работи за законски текст кој не може да се модифицира.

Грчките меморандуми на чијашто ратификација се чека се однесуваат за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, за формирање на координативен комитет за економска соработка и техничка спогодба за надгледување на летовите. Грчките власти до сега не ги сменија ниту патните табли кои водат кон Северна Македонија, а на некои од нив сѐ уште може да се забележи референцата ФИРОМ (по грчки ПГДМ) или пишува едноставно Скопје.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Македонија

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Read more
 

Вести

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе