Герасимовски: Ќе разговараме за одземање на ингеренциите на Комунална хигиена, ситуацијата не смее да се повтори

По информациите дека градоначалниците, кои се кадар на ВМРО-ДПМНЕ, од синоќа почнаа со расчистување на сметот во Скопје, се јави и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, од СДСМ.

Од Општина Центар информираат дека таму од рано наутро почнале со чистење на сметот.

Во акцијата, како што дополнуваат, биле вклучени речиси сите вработени од комуналната служба во ЈП „ПОЦ“ со целата механизација, како и голем камион за кревање контејнери.

Според надлежните во оваа општина, покрај собирањето на ѓубрето, на терен била пуштена и цистерна, која ги миела контејнерите и просторот околу нив, каде што имало натрупано вреќи со отпад што предизвикуваат непријатна миризба.

„Уште рано наутро почнавме со чистење во цел Центар. Во сите населби има преполни контејнери и дојави од граѓани стигнуваат од секаде. Целата механизација е на терен и очекувам денеска да се исчисти голем дел од општината. Оваа ситуација во која се наоѓаме сите општини не смее да се повтори, затоа денеска со сите градоначалници ќе разговараме за одземање на ингеренциите на ЈП 'Комунална хигиена'. Воедно, им се заблагодарувам и на сите вработени, кои со зголемени капацитети се вклучија во акцијата со цел побрзо чистење на општината“, изјави Герасимовски.

„Исто така, апелирам додека Градот Скопје и ЈП 'Коминална хигиена' најдат решение, Дрисла да ги крене рампите за полните камионите кои чекаат пред врата и чистењето да продолжи“, додаде тој.

„Герасимовски уште вчера најави чистење на општината со сопствени ресурси и ги поттикна другите градоначалници да го направат тоа“, информираа од општината.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Македонија

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Read more

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Read more

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе