Германската војска не е во добра форма – старее и се намалува

Германскиот Бундесвер се соочува со проблеми поврзани со стареење и недоволно персонал, се вели во извештајот за војската што во вторникот го претстави комесарката за Бундесвер на Бундестагот, Ева Хогл.

„Бундесверот се намалува и старее. Мораме да ја зголемиме атрактивноста на германските вооружени сили во најкус можен рок“, рече комесарката на Бундестагот за Бундесверот Ева Хогл (Социјалдемократската партија на Германија СПД) при претставувањето на редовниот годишен извештај за состојбата на воените сили во Бундестагот.

Според овој извештај, 181.514 војници служеле во Бундесверот во 2023 година, што е за 1.537 помалку отколку во 2022 година. Според Хоегл, опаѓа и бројот на заинтересирани за воена служба.

„Над 20.000 позиции во вооружените сили останаа непополнети минатата година“, рече Хогл.

Лоша е состојбата и кога се работи за инфраструктурата и касарните.

„Тушевите се во катастрофална состојба, касарните се дотраени, а кујните во некои случаи се затворени со години“, се вели во извештајот.

„Состојбата во која се наоѓаат зградите е делумно срамна и несоодветна за служба на војниците“, вели социјалдемократската политичарка.

И воената опрема е во загрижувачка состојба, се вели.

„Муниција, резервни делови и уреди за ноќно гледање се во недостиг“, рече Хогл.

Таа посочи дека од 100 милијарди евра што германската влада ги издвои за итен фонд за Бундесверот по рускиот напад на Украина, две третини веќе биле однапред резервирани за некои проекти и дека веќе е очигледно дека тие 100 милијарди не би биле доволни за модернизација на Бундесверот.

„Зголемувањето на воениот буџет за неколку милијарди евра годишно ќе биде неизбежно“, рече Хогл.

Во извештајот се критикуваат и непотребните бирократски процеси во Бундесверот, но се забележува и напредок во таа област.

Во извештајот се споменуваат и 204 дисциплински прекршоци со радикално десничарско потекло, но се заклучува дека тоа е многу мал број во споредба со бројот на војници.

Шолц ја нарече руската инвазија пресвртница и вети дека Германија ќе ја надгради својата војска. Но, овој извештај покажува дека оваа промена се случува многу бавно.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе

Грција воведува шестдневна работна недела

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе