Сигурно сте начекале на ТВ или YouTube (не) реално шоу за ловци на духови и разни паранормални нешта, во напуштени, наводно опседнати куќи. „Ghost Team“ е комедија инспирирана токму од ваквите тимови, што сосема случајно тргнуваат во лов на натприродното.
Првиот трејлер за комедија со Џон Хедер, Дејвид Крумхолц, Мелоди Дијаз, Џастин Лонг и Ејми Седарис, ветува одлична забава во натприродно опкружување.
Човек опседнат со натприродното (Хедер), регрутира екипа за да започне истрага на паранормалнотот, во една наводно опседната куќа - и сето тоа да го сними на видео.
Филмот ќе добие онлајн премиера на Google Play на 21 јули, а во кината ќе се појави по 12 август.
Погледнете го трејлерот:
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=bXRaPdVrmZI]