05.јули 2019
„GhostWire: Tokyo“: Во Јапонија исчезнуваат луѓе, но зошто?
Девелоперското студио кое стои зад хитот „The Evil Within“ на овогодинешната Е3 конференција го најави новиот наслов „GhostWire: Tokyo“. Според трејлерот, видеоиграта делува многу ветувачки и би можела да се наметне како нов фаворит на публиката.
„По мистериозните исчезнувања на дел од популацијата во Токио, сега е твој ред да го откриеш изворот и да го исчистиш градот од новото, чудно зло. Вооружен/а со твоите специјални способности, ќе се соочиш со окултот, многу теории на заговор и ќе ги доживееш урбаните легенди како никогаш порано“, пишува во описот на играта.
Студиото Tango Gameworks беше основано во 2010 година, а во 2014 година ја издадоа видеоиграта „The Evil Within“, по што следуваше „The Evil Within 2“ во 2017 година.
-->
Коментирај