Филм & ТВ

Ги исполнува очекувањата: „It: Chapter Two“ го освои бокс-офисот

9. септември 2019 - 14:21 | А.С.

Хоророт „It: Chapter Two“ имаше одличен прв викенд од прикажувањето, со заработка од 91 милион долари на киноблагајните.

Филмот на Warner Bros. и New Line заработи 85 милиони долари повеќе од второпласираниот по заработка филм овој викенд, но сепак помалку од претходниот филм во франшизата чиј премиерен викенд во 2017 година донесе заработка од 123 милиони долари и е единствениот хорор филм што имал деби викенд со заработка над 100 милиони долари.

„Chapter Two“ привлече 47% женска публика, што беше помалку од процентот на жени што го гледаа првиот дел (51%). Во поглед на возраста, вториот дел привлече постара публика од првиот – 67% од публиката на првиот викенд од прикажувањето имаше од 25 години нагоре, во споредба со 65% за првиот филм.

Интернационално, филмот се прикажуваше премиерно на 75 пазари и заработи 94 милиони долари, што е очекуван резултат за второ продолжение на филм во киносалите надвор од Северна Америка.

На второ место по заработка викендов е „Angel Has Fallen“ на Lionsgate и Millennium, со 6 милиони долари, со што вкупната домашна заработка на филмот три недели по премиерата изнесува 53 милиони долари.

„Good Boys“ на Universal е на трето место со 5,4 милиони долари (вкупно 66,8 милиони од премиерата досега).

Состојбата на киноблагајните за изминатиот викенд според boxofficemojo.com изгледа вака:

Коментирај