Софина ДеХесус е американска гимнастичарка од UCLA чија изведба неодамна стана вирален хит на интернет. Нејзината изведба онлајн ја гледале повеќе милиони луѓе, а самата Софина за BBC вели дека не била свесна дека ќе привлече толкаво внимание.
По одличната изведба Софина добила оценка 9.925, иако публиката навивала за 10.
„Го сакам танцувањето и сакам да настапувам. Тоа ми беше главната цел, да излезам и да се покажам во најдобро светло за мојот тим“, објаснува Софина.
Нејзините хип-хоп движења во комбинација со гимнастиката го воодушевија интернетот.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=efttzj5VtXE]