Тенис

Ѓоковиќ и Мареј финалисти во Доха

7. јануари 2017 - 14:15 | Макфакс

Новак Ѓоковиќ и Енди Марej ќе играат во финалето на турнирот во Доха. Ѓоковиќ против Фернандо Вердаско спаси пет меч топки и успеа да слави во три сета, додека Мари без проблеми го елиминира Томаш Бердих во полуфиналето.

Ѓоковиќ, покажа карактер во дуелот со Вердаско, го загуби првиот сет иако водеше 4:2, а потоа во тај брејкот на вториот спаси пет меч топки (четири во низа), а во третиот сет мечот го реши со брејкот во петтиот гем.

Српскиот тенисер, кој ја брани титулата во Доха и која носи 250 поени, славеше со 4:6, 7:6, 6:3.

Енди Мари, првиот носител на турнирот против Бердих ја забележа осмата победа во низа. Британецот победи во два сета 6:3, 6:4.

Финалето ќе се одигра в недела од 16 часот, по средноевропско време. Мечот во Доха ќе биде 26-от помеѓу овие двајца тенисери, Ѓоковиќ води со 24:11.

Коментирај