Тенис

Ѓоковиќ избори четвртфинале во Синсинати

16. август 2019 - 8:50 | МИА
Синсинати, 16 август 2019 (МИА) – Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до четвртфиналето на турнирот во Синсинати, САД. Србинот ноќеска го совлада Шпанецот Пабло Карењо Буста со 2-0, по сетови 6:3 и 6:4.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Лука Пуј од Франција.

Наградниот фонд на престижниот турнир во Синсинати изнесува шест милиони долари.

Коментирај